• сабота, 06 декември 2025

Астронаутите од кинеската мисија „Шенџу-14“ спроведуваат научни експерименти во орбитата

Астронаутите од кинеската мисија „Шенџу-14“ спроведуваат научни експерименти во орбитата
Пекинг, 7 јули 2022 (МИА) - Вселенската агенција на Кина за истражувања со посада објави видео-снимки од вселената, на кои се гледа дека основниот модул на кинеската вселенска станица е полн со истражувачка опрема за експерименти во орбитата. Кинеската вселенска станица е дизајнирана да биде сестрана вселенска лабораторија, со можност да опслужува 25 експериментални кабинети за научни истражувања. Експериментите во орбитата опфаќаат серија научни области, вклучувајќи микробиологија, физика и медицина. Според кинеските медиуми, тричлената кинеска посада што месец дена се наоѓа во вселената во рамки на мисијата „Шенџу-14“ извршила микробиолошки тестови на примероци вода, воздух и на површини, со цел да се осигура нивна безбедност за време на предвидениот шестмесечен престој во вселената. На модулот е инсталирана и опрема за намалување и регенерација на јаглероден диоксид во орбиталната купола. Кабинетите за експерименти инсталирани на лабораторискиот модул „Вентијен“ ќе им овозможат на астронаутите да изведуваат експерименти на молекули, клетки, ткива и органи, со користење различни методи за онлајн-детекција како што се видлива светлина, флуоросценција или микроскопско снимање. аб/

Остани поврзан