• петок, 22 ноември 2024

АСОМ: Над 250-те коментари на ЕНЕР ги потврдуваат негативните последици од измените на Законот за игри на среќа

АСОМ: Над 250-те коментари на ЕНЕР ги потврдуваат негативните последици од измените на Законот за игри на среќа
Скопје, 20 април 2021 (МИА) - Над 250 коментари се доставени на Предлог-измените на Законот за игрите на среќа што, според Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ), ги потврдува негативните последици што овој закон би ги имал. - Ние секојдневно ги следевме коментарите кои се поднесуваат на ЕНЕР. Евидентна е загриженоста на сите засегнати страни ако се усвојат законските измени кои се предлагаат, со што практично би се довел во прашање опстанокот на целата гранка. Поконкретно, речиси сите страни стравуваат дека доколку се усвои предложената дистанца од 500 метри од образовните институции, приредувачите на игри на среќа ќе ги затворат сите свои деловни објекти, а тоа како домино ефект ќе се прелее на погоре-споменатите засегнати страни кои ќе се соочат со сериозни последици од неработењето на нашиот сектор, истакнуваат од АСОМ. Посочуваат дека во најголем дел од коментарите, вработените стравуваат дека ќе останат без работа, а од страна на двете комори - Стопанската комора и Сојузот на стопански комори, истакнати се придобивките од работењето на игрите на среќа. - Сумирано, сите засегнати страни од овие законски измени, практично го потврдуваат она на што ние постојано укажуваме, но државата досега не покажа слух. Нашите позиции се јасни, законот е целосно контрадикторен, економски неиздржан и правен без анализи на импликациите од него. Од една страна се планира зголемување на и онака највисоките даноци во Европа кои ги плаќаме, а од друга страна се прават обиди да се згасне целата гранка и да се остават над 8000 луѓе на улица. Тоа нема никаква логика, ниту ќе има некаков економски позитивен ефект, напротив ќе се случи економско цунами, а државата ќе загуби над 250 милиони евра кои на годишно ниво се слеваат во државната каса, велат од АСОМ. Додававаат дека приредувачите на игрите на среќа и нивните вработени се подготвени да ги преземат сите мерки доколку законот се донесе. Измените на Законот беа на ЕНЕР до вчера до кога се оставаа забелешки на ова предлог-законско решение. бак/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан