Артета ги загрижи навивачите на Арсенал
- Арсенал доживеа тежок пораз на пенали од Манчестер Јунајтед во ФА Купот. Поразот не беше особено пријатен бидејќи „црвените ѓаволи“ беа со играч помалку неполни 60 минути.

Лондон, 12 јануари 2025 (МИА) - Арсенал доживеа тежок пораз на пенали од Манчестер Јунајтед во ФА Купот. Поразот не беше особено пријатен бидејќи „црвените ѓаволи“ беа со играч помалку неполни 60 минути.
За Арсенал загрижува и тоа што напаѓачот Габриел Жесус заработи повреда, а според тренерот на „топчиите“ таа е сериозна.
-Многу сум загрижен, тоа е моето чувство. Жесус мораше да излезе, не можеше да продолжи, не изгледа добро, изјави Артета.
Со оглед на повредите на Букајо Сака, Нванери, а сега и Жесус, ова може да биде сериозен удар за амбициите на Арсенал.
На „топџиите“ им претстои дерби во Северен Лондон против Тотенхем во Премиер лигата. дс
Фото: Архива