• сабота, 23 ноември 2024

Арсовски: Оценката за Владата како најотворена во регионот е мотив и обврска да се продолжи по тој пат

Арсовски: Оценката за Владата како најотворена во регионот е мотив и обврска да се продолжи по тој пат
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - Тоа што регионалниот индекс на отвореност дава оценка за Владата на Северна Македонија како најотворена во регионот, со над 82 проценти исполнетост на поставените критериуми за отвореност, е дополнителен мотив и обврска да се продолжи на тој пат, смета владиниот портпарол Душко Арсовски. Тој на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање посочи дека оваа оценка е признание за политиката на Владата за максимална транспарентност и отчетност. -Ова е втора потврда за неполн месец, по овогодишното рангирање на институциите според индексот на активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации во кој Владата доби максимални 100 проценти транспарентност односно ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност, рече Арсовски. Инаку, како што рече, Северна Македонија е првата земја во регионот која одлучи политиката на отвореност да ја направи во посебна стратегија Стратегијата за транспарентност на Владата, посочува Арсовски, има за цел да ја подобри транспарентноста и довербата на работата на иснтитуциите. бт/ац/

Остани поврзан