Арсенал привлекува една од големите sвезди на Челси
- Триесет и едно-годишниот крилен играч не беше во можност да се согласи со раководството на „сините“ за нов договор и се чини дека наскоро ќе игра во нов тим. Во последните месеци, различни ти
Лондон, 28 јули 2020 (МИА) - Арсенал би можел да ја „украде“ sвездата на Челси, Вилијан, пишува британското издание „Гардијан“. „Топџиите“ го чекаат истекот на договорот на Бразилецот на „Стемфорд Бриџ“ за неколку дена за да го привлечат на слободен трансфер во своите редови.
Триесет и едно-годишниот крилен играч не беше во можност да се согласи со раководството на „сините“ за нов договор и се чини дека наскоро ќе игра во нов тим. Во последните месеци, различни тимови покажаа апетит за Бразилецот, но сега „топџиите“ се идентификуваат како фаворити за да потпишат со него, откако тој нема да мора да го напушти Лондон.
Вилијан му се придружи на Челси летото 2013 година и стана еден од главните играчи во нападот на тимот. Во последните неколку години, Челси и Арсенал разменуваа играчи неколку пати, а последните примери се Питер Чех и Оливие Жиру, а пред тоа Сеск Фабрегас, Ешли Кол, Николас Анелка итн.