• недела, 18 јануари 2026

Арсенал освои бод и ја зголеми предноста пред Манчестер Сити

Арсенал освои бод и ја зголеми предноста пред Манчестер Сити

Нотингем, 17. јануари 2027 (МИА) – Фудбалерите на Арсенал одиграа нерешено 0:0 на гостувањето кај Нотингем Форест и со освоениот бод ја зголемија предноста во однос на Манчестер Сити, кој попладнево загубија од Манчестер Јунајтед со 2:0. Лидерот на табелата Арсенал е на водечката позиција со 50 бодови, додека Манчестер Сити остана со 43 бодови.

„Топџиите“ не го искористија денешниот кикс на „граѓаните“ да ја зголемат предноста во борба за шампионската титула во Премиер лигата.

Од другите дуели од 22. коло првакот Ливерпул имаше уште еден неуспех откако на домашен терен одигра нерешено 1:1 со Барнли, но остана на четвртото место со 36 бодови пред Манчестер Јунајтед со 35. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан