• понеделник, 23 декември 2024

Арменд Арслани назначен за нов директор на струшката болница

Арменд Арслани назначен за нов директор на струшката болница
Скопје, 19 март 2021 (МИА) - За нов директор на струшката болница денеска е назначен доктор Арменд Арслани, поранешниот заменик министер за здравство, информира министерот за здравство Венко Филипче, кој завчера го разреши од таа функција Мухамед Хасани, по случајот во кој родилка од Дебар остана без три органи. За случајот тој дека пред два дена формираше комисија и како што информира дека сега се прави увид во стручниот дел од работата. -Докторот работи согласно неговите ингеренции, смената не беше само заради овој случај, туку и заради оние наоди што во делот на своите ингеренции, беа на страна на Државниот санитарен здравствен инспекторат. Ќе почекаме да се завршат сите процеси и анализи па потоа ќе дадам коментар, истакна министерот за здравство прашан дали доктор  Хасани продолжува со работа. Филипче информира и дека се завршуваат административните процедури гинеколог да регистрира ординација во скопско Шуто Оризари и да почне со работа. -Сега навистина има еден систем на распределба на лекарите и медицинските сестри од здравствените домови во пунктовите за вакцинација и во делот на системот за ротација каде се работи со Ковид, во ковид-центрите.  Се завршуваат административните процедури да лекарот гинеколог ја регистрира својата оргдинација и да почне да работи во населбата, посочи Филипче, на новинарското прашање во врска со здравствената состојба во Шуто Оризари, каде засега има само еден лекар и медицинска сестра. ки/лв/

Остани поврзан