• вторник, 03 декември 2024

Аракчи во посета на Сирија

Аракчи во посета на Сирија

Дамаск, 1 декември 2024 (МИА) – Шефот на иранската дипломатија Абас Аракчи вечерва во Дамаск се сретна со претседателот на Сирија, Башар ал Асад. Тоа е прва средба на Асад со странски претставник откако бунтовничките групи минатата недела почнаа офанзива во Алепо.

На средбата Асад - Аракчи се разговараше за билатералните односи и за ситуацијата во регионот.

Асад ја потенцира важноста на „поддршката од сојузниците во справувањето со терористичките акти“.

Иран и Русија се најблиски сојузници на Асад. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан