• понеделник, 23 декември 2024

Апел од МВР: Појава на фишинг напади – обид за измама со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните

Апел од МВР: Појава на фишинг напади – обид за измама со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени „фишинг“ напади врз граѓаните, со цел неовластено прибавување на лични податоци од нив.

-„Фишинг“ нападот е обид за измама на корисниците преку испраќање на лажна порака која изгледа како вистинска. Тие  имаат за цел да го измамат примачот на пораката и да го наведат да ги открие своите лични податоци, да посети лажна веб - страна или да отвори додаток (прилог) прикачен на пораката со  кој е заразен со вирус. Овие обиди обично доаѓаат преку електронска пошта, но и од социјални мрежи, преку текстуална СМС порака или со телефонски повик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до граѓаните за посебна внимателност при добивање на ваквите пораки, да не наседнуваат на измами од ваков тип и нивните лични податоци да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, со цел спречување на нивна понатамошна злоупотреба. љм/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан