• недела, 17 ноември 2024

Апел за донирање генератори на електрична енергија за Украина покренат во ЕП

Апел за донирање генератори на електрична енергија за Украина покренат во ЕП
Стразбур, 23 ноември 2022 (МИА) - Европскиот парламент денеска ги повика европските градови да донираат генератори на електрична енергија на Украина, која трпи големи прекини на електричната енергија поради руските напади врз инфраструктурата. Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола изјави дека „на Украинците сега им е потребна материјална поддршка за да ја преживеат зимата“ и додаде дека иницијативата наречена „Генератори на надеж“ е нова практична помош за Украина на почетокот на зимата. Градоначалникот на Фиренца и претседателот на мрежата на големи европски градови, Дарио Нардела, преку видео конференција објави дека европските општини „имаат неколку стотици генератори, дури и со индустриска големина, што можат да произведат електрична енергија“. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, објасни дека овие генератори се неопходни за задоволување на основните потреби на украинското население, но дека приоритет на земјата е да ја има потребната опрема за обновување на бомбардираната електрична мрежа. зш/

Остани поврзан