Ансу Фати ќе стане поскап за 230 милиони евра
- „АС“ информира дека многу скоро - ова лето, шампионите на Ла Лига и официјално ќе го промовираат својот тинејџер Ансу Фати во играч од првиот тим. Така, 17-годишниот напаѓач ќе добие нова отк
Барселона, 24 мај 2020 (МИА) - Во позадина на намалените средства во фудбалот во Барселона се свесни дека скоро и да нема шанси да го вратат Нејмар. Во овој поглед, клубот ќе мора да го користи она што го има.
„АС“ информира дека многу скоро - ова лето, шампионите на Ла Лига и официјално ќе го промовираат својот тинејџер Ансу Фати во играч од првиот тим. Така, 17-годишниот напаѓач ќе добие нова откупна клаузула од 400 милиони евра.
Во декември, талентот потпиша договор до 2022 година со клаузула од 170 милиони евра. Според договорот, сепак, клаузулата ќе се зголеми за 230 милиони веднаш штом Фати ќе стане дел од првиот тим.
За својата кревка возраст, Ансу направи извонредни први чекори во големиот фудбал, искористувајќи го отсуството на Усман Дембеле и Луис Суарез.