• понеделник, 23 декември 2024

Анонимуси им се заканија на западните компании во Русија

Анонимуси им се заканија на западните компании во Русија
Москва, 1 март 2022 (МИА) - Хакерите од Анонимус им се заканија на западните компании што продолжуваат со работа во Русија, а дел од нив уверуваат дека веќе се повлекле од земјата, дури и пред хакерската закана. На интернет беше објавен список со 42 фирми и предупредување дека ако не се повлечат од Русија, компаниите ќе се соочат со кибер напади. По руската инвазија на Украина, Анонимус ги мобилизираа доброволците со цел да извршат кибер напади на руски јавни институции, како и медиумски куќи, што се под државна контрола. Во неодамнешните обиди, мета беа Руската централна банка и градежната компанија „Ростпроект“ во Русија. Од Анонимус најавија дека ќе објават 35.000 документи со „тајни договори“, а соопштија и дека ги хакирале мејловите на „Ростпроект“. бд/ми/

Остани поврзан