• вторник, 24 декември 2024

Анкета: Четвртина од Австријците се за задолжителна вакцина против коронавирусот

Анкета: Четвртина од Австријците се за задолжителна вакцина против коронавирусот

Виена, 5 јули 2021 (МИА) - Во Австрија една четвртина од граѓаните се за воведување обврска за вакцинирање против коронавирусот, покажуваат резултатите од најновата анкета.

Само 36 проценти од Австријците сметаат дека финансиски стимулации преку некаков вид бонус ги охрабруваат граѓаните да се вакцинираат наменски, како што тоа го прават некои земји.

Според анкетата, дури 61 процент од Австријците се против стимулациите, а 24 проценти сметаат дека треба да се воведе обврска за вакцинирање.

Во врска со задолжителната вакцинација, во септември ќе бидат спроведени две изјаснувања на граѓаните, а целта на иницијаторите е да им дадат можност на луѓето да кажат дали сакаат властите да воведат обврска за вакцинација или не. паг/

Остани поврзан