• понеделник, 23 декември 2024

Анкара најави руски поморски маневри во Медитеранот

Анкара најави руски поморски маневри во Медитеранот
Анкара, 3 септември 2020 (МИА) - Анкара, во услови на зголемени тензии меѓу Турција и Грција околу правото на експлоатација на морски наоѓалишта на јаглеводородни горива, најави дека руската морнарица ќе одржи борбени маневри во источниот Медитеран. Во официјалното соопштение се наведува дека руските поморски сили ќе одржат маневри во периодот од 8 до 22 септември и од 17 до 25 септември во деловите на источен Медитеран каде се движат турски истражувачки бродови. Официјална Москва досега не ја коментираше турската најава што следеше откако Соединетите Американски Држави соопштија дека делумно ќе го укинат 33-годишното ембарго за извоз на оружје на етнички поделениот Кипар. паг/    

Остани поврзан