• понеделник, 23 декември 2024

Андоновски: Владата е лично одговорна за немањето напредок во Извештајот на ЕК

Андоновски: Владата е лично одговорна за немањето напредок во Извештајот на ЕК

Скопје, 10 ноември 2023

Има причина зошто Владата не организира помпезни прослави, музички настани, долги прес конференции и панел дискусии на кои се фали за успесите во своите евроинтеграции.

Владата јавно покажа дека Фронтот за ЕУ е лажен фронт. 

Очигледно е дека во евроинтеграциите, поголем проблем стана корупцијата и нефункционалниот систем од билатералните проблеми кои ги има Македонија.

Владата е лично одговорна за лошите оценки. Адресата за тоа кој е одговорен за немањето напредок е на „Илинденска“.

Залудно Османи се крие зад опозицијата. Залудно Маричиќ го прозива ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и ДУИ се оние кои пред пет години ветија реформа на јавната администрација и нови закони и до денеска не реализираа. И денес јавната администрација е попартизирана, кронизирана, полна со непотизам, партиски избрани членови за вработени. И денеска јавната администрација нема нови закони за висок раководен менаџмент, нема закони за управување со јавната администрација, воопшто нема желба за реформи во јавната администрација.

СДСМ и ДУИ бираа членови на Судскиот совет кои потоа бизарно беа разрешувани.

Извештајот јасно покажува дека нема прогрес во правосудството. А, потоа извештајот ги набројува оставките на високите функционери во Судскиот совет, голем дел предложени од СДСМ. Извештајот ги нотира и обидот за отстранување на камерите од состаноците на Судскиот совет, и контроверзното разрешување на екс претседателката на Советот.

СДСМ и ДУИ се оние кои го донесоа и зголемија бројот на закони предложени со европско знаменце – сега повеќе од 50% од законите во Собранието се по скратена постапка.

За првпат извештајот јасно ги набројува законите со кои се злоупотребува европското законодавство. 

Извештајот вели дека Владата злоупотребувала со носењето на законите односно измените на законите за работни односи, експропријација, урбанистичко планирање, градежништво и автопати кои треба да се градат се со цел да им се помогне на конзорциумот „Бехтел и Енка“ како потег, цитирам -  „во спротивност со делови од правната рамка и  со меѓународните обврски на државата“.

СДСМ и ДУИ го преку ноќ го променија Кривичниот законик за да застарат десетици предмети на висока корупција.

Затоа извештајот вели дека нема прогрес во борбата со корупцијата. Јасен е извештајот, цитирам -  „Корупцијата останува распространета во многу области и е загрижувачко прашање“. 

Почитувани граѓани,

Ова е Извештај за стагнација. Зборот стагнација или нема напредок е најзастапениот збор во Извештајот. 

Извештајот за жал постојано оперира со зборовите: сеприсутна корупција, контроверзни одлуки, мешање на властите во судството, застарување на предмети со промена на закони, нема напредок, нема волја, нема ресурси итн.

Затоа потребни се промени.

Со посветена, искрена, чесна и напорна работа, работите можеме да ги промениме.

ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди реформи и решенија кои ќе значат напредок и успех.

 

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан