• сабота, 28 септември 2024

Ангелов: Пожарот во Богословец е изгаснат, но се шири на исток од селото

Ангелов: Пожарот во Богословец е изгаснат, но се шири на исток од селото
Скопје, 5 август 2021 (МИА) - Пожарот во светиниколското село Богословец е изгаснат, но се движи кон врвот од планината Богословец и кон исток од селото, објави на Фејсбук Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.
Додава дека пожарот во селото Богословец зафатил неколку стари куќи во кои не живее никој и дека нема жртви ниту повредени.
- Благодарение на интеревенцијата на ТППЕ Свети Николе и посебно светиниколското Доброволно противпожарно друштво, пожарот во селото е изгаснат, но се движи кон соседниот врв, до врвот Богословец, како и на исток од селото, информира директорот на ЦУК и вели дека очекува до раните утрински часови пожарот да биде ставен под контрола. хс/ 

Остани поврзан