• петок, 22 ноември 2024

Анализа: Со институциите за управување со кризи да раководат професионалци, а не партиски номинирани кадри

Анализа: Со институциите за управување со кризи да раководат професионалци, а не партиски номинирани кадри

Скопје, 4 мај 2023 (МИА) - Институциите кои управуваат со кризи да се спојат во едно тело, зашто сега не се знае кој за што е одговорен, со нив да раководат професионалци, а не партиски или политички номинирани кадри и да се обезбеди потребниот технички и професионален кадар, порачуваат експертите.

Како што беше речено на денешниот панел „Превенција на кризи и управување со критична инфраструктура во Западен Балкан”, мора да се инвестира во човечкиот капитал и да се одвојат специфични фондови за луѓето кои ќе ги водат овие институции, а кои имаат специфична стручност, како што се, на пример, ИТ инженерите.

Неопходно е и преку акциските планови за јавни набавки што ги предлага секоја институција, навреме да се обезбедат потребните ресурси, сервисирањето на авиони за гаснење пожари, обезбедувањето доволен број пожарни,... Исто така, исклучително важно е и критичната инфраструктура (транспорт, патишта, здравствен систем, безбедност на храна, системи за иригација, пожари) да биде отпорна, одржлива и да може да ги адресира кризите на најсоодветен начин.

Проектот за коридорите 8 и 10д се уште не е изготвен. Тие патишта не се проектирани од тука и не знаеме какви се импликации може да има. Она што е ризик, се разбира, е дека целиот тој проект

-Неопходна е системска оптимизација. Тоа значи дека има многу паралелизам меѓу институциите кои управуваат со кризи. Идеално би било спојување на тие агенции во едно тело, тоа е прва работа, зашто сега не се знае кој за што е одговорен. Второ и многу значајно, е човечкиот кадар. Мора да се инвестира, да се одвојат специфични фондови за луѓето кои ќе ги водат тие системи, а имаат специфична ексертиза, како што се ИТ инженерите кои ги нема. Тоа го видовме со Фондот за здравство - какви катастрофи може да се случат од тој аспект. Се разбира и јавните набавки - акциските планови за јавните набавки што секоја институција ги предлага, навремено да обезбедат ресурси, сервисирање на авиони за гаснење пожари, обезбедување доволен број пожарни,..., рече претседателот на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), Марко Трошановски.

Според последното истражување, системите за менаџирање кризи во земјите од Западен Балкан се на различни нивоа и различно развиени. Заеднички, сеопфатен пристап што ќе цели кон воспоставување регионални институции за координација, треба да биде императив на делувањето на владите од регионот.

-Она кон што треба да целиме е сеопфатен, заеднички пристап што ќе овозможи заеднички, координиран одговор на кризни ситуации. Недостасува техничка и професионална експертиза во управувањето. Тоа значи дека не смееме да си дозволиме политички или партиски номинации на раководни лица или управувачки кадри со овие институции зашто се исклучително значајни за квалитетот на живот. Потребна е соработка со академската заедница, приватниот сектор, секторот за истражување и развој зашто спецификата на темата, независно дали се работи за кибер безбедност или безбедност за храна, бара специфични знаења кои не секогаш и се на располагање само на државата, напомена Трошановски.

На панелот беа презентирани трудовите „Превенција на кризи и критична инфраструктура во Западен Балкан“ и „Управување со пандемијата – научени лекции за посигурна иднина“. мч/бак/

 

 

 

Остани поврзан