• петок, 22 ноември 2024

АМС: Спортските ваучери не се укинуваат, туку се менува начинот на нивна реализација

АМС: Спортските ваучери не се укинуваат, туку се менува начинот на нивна реализација

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Агенцијата за млади и спорт во врска со измените во Законот за данок на добивка кој се однесуваат на даночно ослободување за националните спортски федерации, спортски клубови и активните спортисти, денес преку соопштение ја информира јавноста дека со овие измени не се укинуваат спортските ваучери, туку се менува единствено начинот на нивна реализација.

 

- Како што беше претходно најавено, државата директно ќе ги исплаќа средствата на спортските субјекти кои ќе имаат право на спортски ваучер. Агенцијата за млади и спорт во координација со Министерството за правда, го имаат подготвено новото предлог законско решение со кои ќе се уреди новиот начин на реализација на спортскиот ваучер и истиот е во фаза на усогласување со надлежните институции за да се овозможи отпочнување на собраниска процедура за новите предлог законски измени, стои во соопштението на АМС.

 

Од Агенцијата додаваат дека поддршката во спортот со спортскиот ваучер ќе продолжи, а оваа мерка со новиот начин ќе се унапреди, и сите кои имаа тешкотии од било кои причини при реализација на спортскиот ваучер, тој проблем веќе ќе го немаат.

 

-Злоупотребите од нечесните компании кои бараа услуги за реализација на спортскиот ваучер, ќе престанат и сите средства ќе се користат за унапредување на спортот и за потребите на спортистите, потенцираат од АМС.

 

Токму со средствата добиени преку спортските ваучери, изминатите години функционираат најголем број македонски клубови и спортисти.  зс/

Остани поврзан