АМСМ: Целосно затворен граничниот премин Долно Блаце
- Граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за влез и излез во и од Република Северна Македонија.
Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за влез и излез во и од Република Северна Македонија.
Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија преминот е затворен за сите видови возила и лица.
Претходно од АМСМ информираа и дека од 16 часот во прекин е сообраќајот на „Јадранска Магистрала“ во еден правец – од клучка Приштина кон бензинска пумпа „Дизел“.лв/сст/
Фото МИА архива