• недела, 22 декември 2024

Американскиот советник за национална безбедност во ненајавена посета на Киев

Американскиот советник за национална безбедност во ненајавена посета на Киев
Киев, 4 ноември 2022 (МИА) – Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан денеска ненајавено го посети Киев, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други високи претставници. Саливан ја нагласи американската поддршка за Украинците „додека тие го бранат својот суверенитет и територијален интегритет“, рече Адриен Вотсон, портпаролка на Советот за национална безбедност. Во Киев Саливан најави дополнителен пакет безбедносна помош за Украина од 400 милиони долари. Тој вклучува обновени тенкови Т-72 и беспилотни летала, заедно со проектили земја-воздух. Тој, исто така, потврди дека САД ќе продолжат да обезбедуваат економска и хуманитарна помош за Украина, се додава во соопштението. јт/

Остани поврзан