Американската држава Мериленд ќе поништи повеќе од 100.000 пресуди за употреба на марихуана
- Американската држава Мериленд ќе поништи 175.000 пресуди за употреба на марихуана издадени во текот на изминатите децении, објави синоќа нејзиниот гувернер Вес Мур во изјава за Вашингтон пост.
Вашингтон, 17 јуни 2024 (МИА) - Американската држава Мериленд ќе поништи 175.000 пресуди за употреба на марихуана издадени во текот на изминатите децении, објави синоќа нејзиниот гувернер Вес Мур во изјава за Вашингтон пост.
-Со потпишувањето на тој указ за помилување денеска, имам намера да исправам голем број историски грешки, изјави за американските медиуми Мур.
Повеќе од 100.000 луѓе кои имаат пресуди за поседување или пушење марихуана која сега е легална во земјата и широко се консумира, ќе исчезнат од нивните криминални досиеја.
Мериленд, држава со шест милиони жители на источниот брег на САД ја легализираше рекреативната употреба и продажбата на мало на марихуана на референдум во 2023 година. мс/
фото: МИА архива