• понеделник, 23 декември 2024

Американската војска го почна повлекувањето од Авганистан

Американската војска го почна повлекувањето од Авганистан
Кабул, 9 март 2020 (МИА) - Американската војска соопшти денеска дека го започнала повлекувањето од Авганистан согласно мировниот договор, потпишан со Талибанците.Војската треба да го намали бројот на војниците на 8.600 во рок од 135 дена. Стотици војници се движат надвор од земјата, како што било претходно планирано, но нема да бидат заменети бидејќи САД започна со спроведување на планот за намалување на силите во Авганистан од сегашните 13.000 на 8.600.
- Американските сили во Авганистан ги задржуваат сите потребни воени средства за операции против екстремистите од Ал Каеда и терористичката група Исламска држава заради поддршка на авганистанските сили, изјави портпаролот на американската армија, полковник Сони Легет. ссм/

Остани поврзан