• петок, 22 ноември 2024

Американската амбасадорка се врати во Киев

Американската амбасадорка се врати во Киев
Киев, 8 мај 2022 (МИА) - Вршителот на должноста амбасадор на САД во Украина, Кристина Виен и група американски дипломати денеска се вратија во амбасадата во Киев, првпат од 24 февруари, кога започна рускиот напад врз Украина. Американската амбасада во Киев беше затворена кон средината на февруари поради загриженост од руската воена интервенција, потсетува Си-Ен-Ен. Мала група американски дипломати потоа беше префрлена во западниот украински град Лавов, пред да се пресели во Полска и повремено да се враќаше во Украина. Меѓутоа, на 24 февруари САД ги суспендираа дипломатските служби во Лавов, додава Си-Ен-Ен. гт/

Остани поврзан