• понеделник, 23 декември 2024

Американецот Ноа Лајлс е олимписки шампион во спринт на 100 метри

Американецот Ноа Лајлс е олимписки шампион во спринт на 100 метри

Париз, 4 август 2024 (МИА) - Американецот Ноа Лајлс победи во една од најатрактивните дисциплини на Олимписките игри – спринт на 100 метри за мажи. Лајлс го освои златото со време од 9,79 (,784) секунди, најдобро во кариерата.

Втората позиција со ист резултат - но со пет илјадитинки разлика (,789) му припадна на Кишане Томпсон од Јамајка. Фото-финишот требаше да го одреди резултатот со цел да се избројат предметните пет илјадитинки што го донесоа златото на Лајлс.

Третото место и бронзениот медал му припадна на уште еден Американец - Фред Керли. Акани Симбине од Јужноафриканската Република беше 4-ти со 9,81 секунди, што е национален рекорд за неговата земја.

Томпсон водеше до 60 метри, но силната завршница на новиот олимписки шампион му обезбеди да влезе во трката за титулата.

Така по 20 години - или за прв пат од 2004 година, олимпискиот шампион во спринт на 100 метри е од САД. Последен пат тоа беше Џастин Гетлин. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан