• понеделник, 23 декември 2024

Амбасадор Марковски се сретна со српскиот амбасадор Вукчевиќ

Амбасадор Марковски се сретна со српскиот амбасадор Вукчевиќ
Тирана,1 ноември 2021 (МИА) - Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски во просторите на амбасадата имаше билатерална средба со новиот српски амбасадор во Тирана, Слободан Вукчевиќ, објавија од Aмбасадата. На средбата e разговарано за повеќе прашања од интерес на двете земји и народи. Двајцата дипломати се договориле во иднина почесто да се среќаваат со цел реализација на активности од заеднички интерес. Ова, инаку е последователна од повеќето остварени средби на амбасадорот Марковски, со негови колеги од други земји. Деновиве тој се сретнал со амбасадорот на Саудиска Арабија, Фасиал Гхази Хивзи со седиште во Тирана, кој нерезидентно ја покрива и Северна Македонија. На средбата, според амбасадата меѓу другото станало збор околу можностите за унапредување на економската соработка, организирање меѓусебни посети на стопански делегации во двете земји. Двајцата амбасадори размениле мислења и околу визниот режим. Додаваат дека срдечната средба, била искористена за размена на информации околу можностите за унапредување на економската соработка, областа на туризмот, како и организирање на посета на стопански делегации од двете земји. Во исто време, двајцата амбасадори размениле мислења и од областа на визниот режим.вт/см/

Остани поврзан