Ал Шара: Израелскиот напад во близина на претседателската палата во Дамаск е „сериозна ескалација“
- „Нема да дозволиме (сириските) сили да се распоредат јужно од Дамаск или (да создаваат) каква било закана за заедницата Друзи“, додадоа тие
Дамаск, 2 мај 2025 (МИА) - Кабинетот на сирискиот претседател Ахмед ал Шара денеска соопшти дека израелскиот воздушен напад во близина на претседателската палата во Дамаск е „сериозна ескалација“, јавија британските медиуми.
Претходно денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац во заедничка изјава наведоа дека „нападот е јасна порака до сирискиот режим“.
„Нема да дозволиме (сириските) сили да се распоредат јужно од Дамаск или (да создаваат) каква било закана за заедницата Друзи“, додадоа тие.сд/
фото:МИА архива