• недела, 22 декември 2024

Ал Хилал би можел да се раздели со Нејмар во јануари

Ал Хилал би можел да се раздели со Нејмар во јануари


Ријад, 6 ноември 2024 (МИА) – Саудискиот фудбалски прволигаш Ал Хилал ја разгледува можноста предвреме да го раскине договорот со бразилскиот напаѓач Нејмар, соопшти каналот Action Ma Waleed, кој ги има правата за пренос на натпревари од првенството на Саудиска Арабија.
Според истиот извор, клубот би можел да се раздели со бразилскиот фудбалер во јануари 2025 година.
Триесетидвегодишниот Бразилец речиси една година паузираше поради тешка повреда, а повторно се повреди веќе на вториот натпревар по враќањето на терените.
Нејмар во понеделникот настапи во азиската Лига на шампиони против Естеглал, влегувајќи како замена во 58. минута, но го напушти теренот по 30 минути поради истегнување на тетивата.
Бразилскиот напаѓач дојде во Ал Хилал минатото лето и оттогаш одигра само седум натпревари за саудискиот тим.
Нејмар има договор со Ал Хилал до лето 2025 година. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан