• недела, 22 декември 2024

Алтернатива му ја честита победата на Доналд Трамп

Алтернатива му ја честита победата на  Доналд Трамп

Скопје, 6 ноември 2024

Изборите се празник на секоја светска демократија. Тоа е момент кога граѓаните ја користат својата демократска привилегија за да го изразат својот глас и да го одредат патот по кој ќе се движи нивната земја. Американците донесоа одлука за тоа кој сакаат да ги води во наредните четири години.

Честитаме на изборот и посакуваме новиот Претседател Доналд Трамп да има успешен претседателски мандат, исполнет со мудри одлуки и силно лидерство, кое ќе го задржи САД како лидер и гарант на фундаменталните вредности на светската демократија. Убедени сме дека САД ќе продолжи да биде симбол на слобода и пример за демократските принципи што инспирираат многу нации ширум светот.

Коалицијата ВЛЕН останува цврсто на заложбите за постојано продлабочување на стратешкото партнерство со САД, кој го сметаме за нашиот најважен меѓународен сојузник. Ова партнерство, кое ги обединува нашите две земји врз основа на заедничките вредности и цели, претставува темел за безбедност, стабилност и напредок, не само во нашиот регион, туку и на глобално ниво.

 

Алтернатива

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан