Алкалоид и МРК Куманово за старт на ново коло кај ракометните суперлигаши
- Ракометните суперлигаши со вечерашниот дуел меѓу Алкалоид и МРК Куманово ги продолжуваат натпреварите од Супер лигата
Скопје, 12.декември 2025 (МИА) – Ракометните суперлигаши со вечерашниот дуел меѓу Алкалоид и МРК Куманово ги продолжуваат натпреварите од Супер лигата. Ова ќе биде прв дуел од 17.коло, што е практично продолжување на натпреварите откако во средата и четвртокот се играа дуелите од 16.коло.
Утре (сабота) се играат два дуела кои се на програмата во Скопје: Вардар е домаќин на Радовиш, додека Пролет го пречекува Бутел во „градското дерби“.
За недела се планирани следните три дуели. Дербито се игра во Охрид меѓу истоимената домашна екипа и првакот Еурофарм Пелистер, додека Тиквеш е домаќин на Е.Пелистер 2, а Струга е домаќин на Прилеп.
На чело на табелата е Вардар со 30 бодови, пред Е.Пелистер со 28, Охрид и Алкалоид имаат по 25. мн/
Фото: Фејсбук РК Алкалоид