• петок, 05 декември 2025

Алијанса за Албанците со осуда за инцидентот со Данела Арсовска

Алијанса за Албанците со осуда за инцидентот со Данела Арсовска

Скопје, 11 јули 2025

Остро го осудуваме физичкиот напад и заканите врз градоначалничката на град Скопјe, Данела Арсовска, и тимот што ја придружуваше за време на инспекцијата на илегалните градби во Скопјe. Овој напад треба да биде многу сериозен аларм за функционирањето на законот и за тоа каде се движи оваа земја. Ако градоначалник на главниот град може толку лесно да биде нападната од банди, што останува за обичните граѓани. Насилството е неподносливо под никакви околности, а кога се врши и врз службени лица и градоначалник, тоа докажува дека во оваа земја повеќе нема закон, безбедност или правда. Оваа слика не личи на земја кандидат за членство во Европската Унија и уништува сè што е постигнато досега.

Бараме од Министерството за внатрешни работи и од Обвинителството итно и ефикасно да го истражат овој случај, да ги санкционираат сторителите и да докажат дека не го бранат насилството и криминалот.

Криминалот и хаосот во Скопјe, а особено во албанските населби, не можат да се прикријат со закани и акти на насилство. Особено албанските населби мора итно да се ослободат од несигурноста, од узурпацијата и од урбаната мафија што ги претвори најубавите населби на главниот град во гета.

Алијанса за Албанците

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Остани поврзан