• петок, 22 ноември 2024

Алиу ги отфрла обвинувањата за непотизам во ангажманот на шефот на неговиот кабинет

Алиу ги отфрла обвинувањата за непотизам во ангажманот на шефот на неговиот кабинет

Скопје, 14 јуни 2023 (МИА) - Министерот за информатичко опшестство и администрација Азир Алиу ги отфрла обвинувањата за непотизам при ангжманот на Дритон Даути за шеф на неговиот кабинет, што ги упати политичката партија Алтернатива.

-Тоа е излезено надвор од контекст, не ми е ниту зет од ќерка, од сестра, може да проверите, да отворите постапка, се е во ред, нема никаков непотизам. Тој е зет на семејството Алиу, не е мој зет, рече Алиу на новинарско прашање. 

Идејата, посочи, е да имате луѓе околу вас кои се експерти и на кои им верувате. Дојдов тука да бидам транспарентен, да го отворам министерството за граѓаните, рече Алиу, најавувајќи дека Кабинетот на МИОА ќе има поткаст, а еден од нив ќе биде со новинарите. 

Алиу потсети дека ова му е прва политичка позиција бидејќи доаѓа од приватниот сектор и оти е свесен  дека јавноста е чувствителна од аспект на политичари на креирање на политики на корупција на непотизам и тн. 

-Кога доаѓате во последната година од владеење, мора да бидете претпазливи од аспект на креирање човечка инфраструктура во кабинет. Единствениот кабинет што ја отсликува реалноста во Македонија е Кабинетот за МИОА каде што внатре ги имате сите категории, значи експерти од сите националности и јас се гордеам со тоа, наведе Алиу. лв/дма/

Фото:МИОА

 

 

 

Остани поврзан