• четврток, 04 јули 2024

Алжир: Пет лица загинаа во експлозија на бомба

Алжир: Пет лица загинаа во експлозија на бомба
Алжир, 14 јануари 2021 (МИА) - Најмалку пет лица загинаа, а тројца се повредени денеска кога експлодираше рачно изработена бомба во источен Алжир, соопшти Министерството за одбрана. Жртвите биле во возило кога се случила експлозијата во провинцијата Тебеш, одалечена околу 573 километри од главниот град на Алжир, се наведува во соопштението. Во истата изјава се додава дека вооружен борец бил убиен од војници во соседниот регион Кенчела, но не e јасно дали двата инциденти се поврзани. ссм/

Остани поврзан