• петок, 22 ноември 2024

Акција за обезбедување дополнителни количини вода за пиење во Негорци

Акција за обезбедување дополнителни количини вода за пиење во Негорци
Гевгелија, 7 мај 2020 (МИА) - Проблемот со водоснабдувањето што во летната сезона го имаат жителите на селото Негорци, почна да се решава денеска со реконструкцијата на каптажите на Кованска река во близина на Кованец, кои на негорчани ќе им обезбедат дополнителни количини на вода за пиење. -Со вакви зафати ќе настојуваме во пресрет на летната сезона да се зголемат капацитетите на вода за пиење и во други населени места каде ќе се појави проблем од недостиг на вода за пиење, рече гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков, кој посочи дека сите акции од овој тип се доверени на секторот за водовод при јавното претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија. Поцков нагласи дека општинскиот Совет по иницијатива на неколку месни заедници, пред се од селата Конско и Ново Конско, побарал од јавните комунални работници да ги преземат сите надлежности околу стопанисувањето со водоснабдителните системи во населените места, со што би се обезбедило поорганизирано и поквалитетно водоснабдување на локалните жители.им/бт/

Остани поврзан