• петок, 05 декември 2025

Акција за мерење шеќер и крвен притисок на иницијатива на кандидатката за градоначалник на СДСМ за општина Бутел

Акција за мерење шеќер и крвен притисок на иницијатива на кандидатката за градоначалник на СДСМ за општина Бутел

Скопје, 11 октомври 2025 (МИА) - Во рамки на активностите насочени кон подобрување на квалитетот на живот во општина Бутел, денеска беше организирана акција за мерење шеќер и крвен притисок за граѓаните, на иницијатива на кандидатката за градоначалник од редовите на СДСМ, Оливера Ливриниќ и кандидатите за советници на претстојните локални избори, информираат попладнево од нејзиниот тим.

Како што појаснуваат од тимот на Ливриниќ, акцијата била реализирана со поддршка од докторите Симон Бешлиев, Санија Љатиф Петрушевска, Коста Дохчев, како и на Елизабета Ѓоргиевска.

Со заеднички ангажман, се потенцира, беше овозможено граѓаните да направат бесплатна проверка и да добијат совет за превенција и одржување на добро здравје.

- Денеска изборите ги оставивме настрана и зборувавме за најважното нешто во животот - здравјето. Со задоволство ги пречекав моите сограѓани, разговаравме за секојдневните навики и предизвици и за тоа како можеме повеќе да се грижиме еден за друг, се наведува во пишаната изјава на Ливриниќ.

Таа додава дека ваквите активности се насочени кон поттикнување на свеста за значењето на превентивното здравје и грижата за себе, но и кон создавање чувство на заедништво и поддршка во општината.

- Акцијата претставува дел од поширокиот пристап на Ливриниќ за промовирање вредности на солидарност, хуманост и активна грижа за граѓаните на Бутел, се подвлекува во соопштението на тимот на кандидатката за градоначалник на оваа општина. бд/бак/

Фото: Тим на Оливера Ливриниќ

Остани поврзан