• понеделник, 23 декември 2024

Акиевска и Богдановски наши претставници на светското бодибилдинг-првенство во Шпанија

Акиевска и Богдановски наши претставници на светското бодибилдинг-првенство во Шпанија
Скопје, 5 ноември 2021 (МИА) - Нашите претставници Мери Акиевска и Петар Богдановски ќе учествуваат на светското бодибилдинг-првенство, кое ќе се одржи на 8 ноември во Санта Сузана во Шпанија. Компанијата „Моцарт“ годинава стана спонзор на Бодибилдинг и фитнес-федерацијата на Македонија. Претседателот на Бодибилдинг и фитнес-федерацијата на Македонија, Бобан Ѓороски, најави дека целта на ова патување е медал. - Бодибилдинг и фитнес-репрезентативците се подготвени за патување, настап и битка со најдобрите на светот на светското првенство. Амбициите за ова светско првенство ни се поставени високо. Целта е медал, изјави Ѓороски. Компанијата „Моцарт“ соопшти дека на овој начин ја продолжува својата мисија за вложување во спортот низ земјата. - Задоволство ни е што ги поддржуваме бодибилдинг и фитнес-репрезентативците на ова многу важно натпреварување. Се надеваме дека ова спонзорство уште повеќе ќе ги мотивира нашите асови и ќе им помогне да го исполнат целиот свој потенцијал. Им посакуваме многу успех во борбата за медали, а ние со цело срце ќе навиваме за Мери и Петар. Тие за нас се веќе шампиони, порача Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во компанијата „Моцарт“. бт/дма/

Остани поврзан