• вторник, 13 јануари 2026

Академијата за странски јазици „ELA“ донираше 230 постелнини за Клиниката за детска хирургија

Академијата за странски јазици „ELA“ донираше 230 постелнини за Клиниката за детска хирургија

Скопје, 29 декември 2025 (МИА) – Повеќе од 230 постелнини и пижами за децата згрижени на Клиниката за детска хирургија во Скопје беа обезбедени на хуманитарниот божиќен базар „ELA во Погон“, во организација на Академијата за странски јазици „ELA“, што се одржа викендов.

Како што соопштуваат од Академијата, средствата биле собрани преку продажба на рачни изработки и честитки подготвени од учениците, а донацијата е наменета за подобрување на условите за најмладите пациенти на Клиниката.

– Овој базар не е само наш најуспешен досега, туку јасно ја отсликува мисијата на Академијата за странски јазици „ELA“. Подеднакво ги учиме и вредностите кои го градат човекот. Секоја година, базарот ни дава мотивација погласно да шириме добрина и уште похрабро да создаваме надеж, вели од Академијата „ELA“.

Од Клиниката за детска хирургија изразиле искрена благодарност до Академијата „ELA“ и до сите учесници на базарот, нагласувајќи дека донацијата е примена со голема радост и дека ваквите хумани гестови претставуваат значајна поддршка и охрабрување и за децата и за медицинскиот персонал. ра/

Фото: Академија за странски јазици „ELA“

Остани поврзан