• вторник, 19 ноември 2024

Азески: Сите бараме нешто од Буџетот, а никој не зборува како ќе се наполни

Азески: Сите бараме нешто од Буџетот, а никој не зборува како ќе се наполни
Скопје, 14 април 2020 (МИА) - Би било многу несериозно да се предлагаат мерки со кои само ќе се земаат пари од Буџетот, а нема да се слеваат во него. Ние сите бараме нешто, а никој не зборува како тоа ќе се врати или како ќе се наполни буџетот за да може да се земе, сметаи претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. Во однос на предлогот на Комората за покачувањето на акцизата на горивата, Азески во инервју во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, посочи дека во моментов цената на горивото е многу ниска и дека се неосновани реакциите околу тоа прашање. За тоа дали покачувањето на акцизата на горивата ќе предизвика ценовни шокови, претседателот на Стопанската комора вели дека за тоа владините институции треба да изготват анализи. - Во секој случај во овој момент имаме огромен пад на цената на горивата, пад во потршувачката на горивата, а како човек што познава дека тоа е сериозна ставка во полнењето на буџетот, јас ги знам последиците од таа работа. Како разумен човек, морам да бидам одоговорен и да ги земам предив сите аспекти, тие аспекти говорат дека во овој момент треба да се искористат сите внатрешни разерви пред да почнеме да земаме пари од надвор, а тие внатрешни резерви се да ги онвозможиме сите кражби, да ги оневозможиме сите нерегуларности коишто постојат во државата, да направиме целосна рационализација во државниот апарат, она што државата треба да го направи, приватниот сектор исто така, а после да посегнеме по пари од надвор, нагласи Азески. Претседателот на Стопанската комора, нагласи дека екстралесното гориво се злоупотребува кај нас на различен начин со години и поради пониската цена се употребува како замена за дизелот, оценувајќи дека е крајно некоректно во услови кога умираат луѓе и кога се наоѓаме во ваква криза да се толерираат такви работи. Затоа, Азески бара изедначување на акцизите за да се стави крај на овој проблем. Тој го пофали владиниот потег за формирање на економски совет, тело во кое се разменуваат мислења од страна на многу значајни личности од областа на науката и ралниот сектор за мерки кои можат да бидат применети. - Бидејќи јас сум член во тој економски совет гледав дека има различни мерки кои нормално во актуелната ситуација треба да излезат на површина и се договоривме во Стопанската комора, една екипа којашто е врзана околку Кризниот штаб, да ги третира тековните прашања и помошта на компаниите што треба да им се даде, една екипа да ги отвори стратешките прашања кои што долги години седат сега е момент да се расчистат, истакна Азески, посочувајќи дека е оптимист оти владините мерки ќе и помогнат на економијата. Тој нагласи дека во сегашниве услови многу крупи прашања се ставени на страна. - Тоа се прашањето за на активирање на гасоводот, една многу голема инвестиција која што така ќе стои и во следните 10 години, знаете дека тоа е 206 километри изграден навтовод по сите стандарди и во топ состојба да може да профункционира одма со што би се намалила и цената на транспортот, второ е прашањето за состојбата во железницата во Македонија која е двојно поскапа од камионскиот превоз, што никаде во светот го нема, да се направи нешто на планот на либерализацијата за да се поттикне тој процес и со тоа да им се олесни на компаниите да станат поконкурентни, рече Азески. Тој констатираше дека од сегашната ситуација секој ќе претрпи штета, но како што рече, со дијалог ќе се најдат решенија да се изрелаксира ситуацијата. Азески истакна оти постои опасност да биде нарушена ликвидноста на компаниите во следниот период. - Државата ќе треба да одигра сериозна улога и да даде пример за финасиска дициплина, плаќајќи редовно кон стопанството, наведе тој. см/сп/

Остани поврзан