Аеродромот Истанбул забележа најмногу летови во Европа
- Според податоците на Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај, аеродромот Истанбул во периодот меѓу 28 ноември и 4 декември забележал најмногу летови во Европа.
Истанбул, 6 декември 2020 (МИА) - Според податоците на Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај, аеродромот Истанбул во периодот меѓу 28 ноември и 4 декември забележал најмногу летови во Европа.
На овој аеродром на 1 декември се извршени 423 летови, на 2 декември 498, следниот ден 483 и потоа 570 летови.
Истанбулскиот аеродром на тој начин имаше поголем промет од аеродромите во Амстердам, Франкфурт, Лондон и Париз.
Аеродромот Истанбул е свечено отворен во октомври 2018 година и спаѓа меѓу најголемите во светот, а во август оваа година доби меѓународен сертификат за здравствена акредитација. гт/