• вторник, 19 ноември 2024

Администрацијата на Бајден планира да продава нафта од стратешките резерви

Администрацијата на Бајден планира да продава нафта од стратешките резерви
Вашингтон, 18 октомври 2022 (МИА) - Администрацијата на Џо Бајден планира да продава нафта од стратешките нафтени резерви во обид да ги намали цените на горивата пред изборите за Конгресот следниот месец, тврдат добро упатени извори, јавија дел од британските медиуми. Со продажбата, на пазарот ќе отидат останатите 14 милиони барели од претходно најавените од Бајден и досега најголемото земање од резервите во вкупна количина од 180 милиони барели, што започна во мај. Администрацијата разговарала и со нафтените компании за продажба на дополнителни 26 милиони барели, нешто што е овластено од Конгресот, за фискалната 2023 година што започна на 1 октомври. Одделот за енергетика најверојатно ќе објави дополнителни детали за можните откупи на нафта, што ја одразува желбата на Белата куќа да се бори и против растечките цени на пумпите, истовремено поддржувајќи го домашното истражување и производство. Зголемените малопродажни цени на бензинот предизвика зголемена инфлацијата до највисоко ниво во изминатите децении. Тоа претставува ризик за Бајден и неговите сопартијци од Демократската партија пред изборите на 8 ноември, кога тие ќе се обидат да ја задржат контролата в Конгресот. бд/зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан