• понеделник, 23 декември 2024

Адетокумбо со личен рекорд против Филаделфија

Адетокумбо со личен рекорд против Филаделфија
Милвоки, 7 јануари 2020 (МИА) - Јанис Адетокумбо заврши со 36 поени, 20 скокови и 6 асистенции за успехот на Милвоки против Филаделфија со 112:101 во меч од регуларната сезона во НБА. Адетокумбо е петти последователен натпревар кој бележи најмалку 30 поени, 16 скокови и 6 асистенции за Бакс, но за прв пат во својата кариера има постигнато најмалку 35 поени и 20 скокови во еден натпревар. За Филаделфија, Џоел Ембид беше најкорисен и направи „дабл-дабл“ - 19 поени и 11 скока.

Остани поврзан