• недела, 22 декември 2024

Адел го откри значењето на еден од нејзините најпознати хитови

Адел го откри значењето на еден од нејзините најпознати хитови

Лас Вегас, 29 август 2023 (МИА) - Кариерата на британската пејачка Адел ја одбележаа хитови како „Someone Like You“, „Hello“, „Rolling in the Deep“ и „Set Fire To The Rain“. Токму за последнава песна, на неодамнешниот концерт во Лас Вегас, САД, таа реши да го открие вистинското значење.

Позната по нејзините емотивни текстови засновани на лични искуства, Адел реши да ѝ раскаже на публиката како настанал хитот од пред 12 години, што овојпат не е така длабоко философски. Таа откри дека „песната е за еден обид да запали цигара додека врне“, иако текстот е навидум емотивен. Таа тие денови била скарана со тогашното момче, па „излетала од дома“ на дождот, за да не ја види дека е вознемирена. Во тој миг тој рекол: „Нема да ја запалиш таа цигара на дожд“, но таа успеала, па следната песна го добила насловот „Запали оган на дождот“.

Адел имаше низа настапи во Лас Вегас што завршија во март, но повторно му се врати во американскиот „Град на гревот“ летово.

- Настапите во градов ме враќаат во живот... Мојот живот некогаш беше возбудлив кога бев помлада, но се чини дека колку што беше поголема мојата кариера, толку повеќе бев исплашена и вознемирена. Затоа се дружам со моите кучиња, син ми и моето момче и разговарам со мојата домашна помошничка, рече Адел.

Како што истакна, таа со нетрпение го очекува секој настап во Лас Вегас, чувствувајќи се како на ноќно излегување со пријателите.  си/сд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан