• петок, 22 ноември 2024

Агенција за филм: Реализацијата на филмските проекти мора да продолжи согласно предвидените динамики

Агенција за филм: Реализацијата на филмските проекти мора да продолжи согласно предвидените динамики

19 септември 2023 

Како и секоја институција, така и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, ги планира средствата за дејноста со која се занимава и ги подготвува за исплата проектите кои чекаат да почнат со продукција. Во моментов најавени се два филма за снимање на локации во Македонија. Интернационалните екипи на земјите учесници кои се дел од овие проекти се веќе пристигнати во нашата држава. Финансиските средства кои се планирани за овие и останатите филмски проекти се потребни веднаш и не може да чекаат прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници и преземање на активности од страна на Министерството за култура до крајот на годината за исплата на договорените проекти.

Доколку овие планирани средства не се стават во функција на проектите како што е планирано и не се исплатат веднаш, се нанесува директна штета на самите проекти бидејќи ќе се случи зголемување на буџетите изразено во илјадници евра и ќе се наштети на реномето на македонската кинематографија.

За ова да се спречи Агенцијата за филм на Република Северна Македонија предлага заедно со Министерството за култура да се разгледааат и ревидираат одлуките на министерството за прераспределба на средствата од причина што во спротивно штетата би била од огромни размери за македонската кинематографија која моментално е наш најголем културен амбасадор.

Агенцијата за филм на Северна Македонија со ова соопштение и со сите дејствија кои ги превзема и предлага заедно со Министерствто за култура да се изнајде трајно решение за да се спречи трендот на кратење на буџетот за филмска дејност поради кој тренд во последните четири години буџетот за филмската дејност по основ на ребаланси е намален за 116.000.000,00 (сто шеснаесет милиони) денари и со тоа да изнајдеме системско решение за стандардизиран буџет за Македонската кинематографија.

Агенција за филм на Република Северна Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан