Агенцијата за филм ги објави резултатите од конкурсот за финансирање детски филм
- СООПШТЕНИЕ - Агенцијата за филм ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во втор рок на одлучување.
Скопје, 1 февруари 2024
Агенцијата за филм ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во втор рок на одлучување.
На овој Kонкурс, добитници конкретно во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество се филмовите: “Снешко”, во режија на Стојан Вуичиќ, во продукција на Дрим Фактори, “Не се согласувам”, на Кристијан Ристевски, во продукција на Фокус Покус и “Роден да живее” во режија на Кастриот Авдили во продукција на Дарданиa филм.
“Овој Конкурс понуди исклучителни проекти и издоминира македонскиот мнозински филм, со фокус на детскиот филм. Ова ќе придонесе најмладата публика да гледа македонски филмови од рана возраст и да ја почитува националната кинематографија„ – изјавија од Агенцијата за филм
Сите останати резултати:
Агенцијата за филм
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.