• четврток, 21 ноември 2024

Автоголот на Мулдур десетти на ЕВРО2024

Автоголот на Мулдур десетти на ЕВРО2024

 

Берлин, 7 јули 2024 (МИА) – Автоголот на турскиот дефанзивец Мерт Мулдур што ѝ донесе победа на Холандија во вчерашниот четвртфинален натпревар против Турција е десеттиот гол во сопствената мрежа кој е постигнат на Европското фудбалско првенство во Германија.

Сопствената мрежа на ЕВРО2024 претходно ја погодуваа, Антонио Рудигер (Германија), Максимилијан Вобер (Австрија), Јан Вертонген (Белгија), Самет Акајдин (Турција), Рикардо Калафиори (Италија), Клаус Ѓасула (Албанија), РобинХранач (Чешка), Робин Ле Норманд (Шпанија) и Донел Мален (Холандија).

Досега во историјата на европските првенства се постигнати вкупно 30 автоголови. Најмногу, дури, 11 на ЕВРО 2020.

Првиот автогол во историјата на европските првенства е постигнат во 1976 година, од капитенот на Чехословачка Антон Ондруш во полуфиналната победа против Холандија (3-1).

Најбрзиот автогол го постигна Холанѓанецот Дониел Мален, кој ја погоди сопствената мрежа во шестата минута од натпреварот против Австрија на 25 јуни годинава. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан