• понеделник, 23 декември 2024

Австрија набавува милион дози од вакцината Спутник В

Австрија набавува милион дози од вакцината Спутник В
Виена, 10 април 2021 (МИА) - Австрија ги заврши преговорите за купување на руската вакцина против коронавирусот Спутник В и ќе набави милион дози, што ќе помогне за забрзување на процесот на имунизација, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц. Тој за набавката на Спутник В разговараше на 26 февруари со рускиот претседател Владимир Путин, а кон крајот на март започнаа преговорите со производителот. Засега не е познато дали Австрија ќе чека официјално одобрување на руската вакцина од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА), а минатата недела од кабинетот на канцеларот е соопштено дека во следниот период ќе биде одлучено на кој начин Спутник В ќе биде лиценцирана. Унгарија и Словачка засега се единствените членки на ЕУ кои ја набавиле руската вакцина, но во Словачка не се користи бидејќи се уште не е одобрена од националната Агенција за лекови. гт/

Остани поврзан