Авиокомпанијата „Изиџет“ ги приземји своите летови поради Ковид-19
- „Изиџет“ е последниот меѓународен авиопревозник кој ги прекина сите летови поради пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска авиокомпанијата, наведувајќи дека засега не може да потврди ког
Лондон, 30 март 2020 (МИА) - „Изиџет“ е последниот меѓународен авиопревозник кој ги прекина сите летови поради пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска авиокомпанијата, наведувајќи дека засега не може да потврди кога ќе биде обновен сообраќајот.
Повеќето меѓународни летови веќе се суспендирани поради ширењето на коронавирусот, кој првпат беше идентификуван во Кина кон крајот на минатата година и оттогаш се прошири во речиси сите земји во светот, што доведе до над 30.000 смртни случаи како последица на Ковид-19.
„Изиџет“ засега им се придружи на авиокомпаниите како „Квантас“ и „Етихад Ервејз“ во суспендирањето на летовите.
- Во оваа фаза не може да се утврди датумот кога повторно ќе почнат да се извршуваат комерцијалните летови. Постојано ќе ја набљудуваме и оценуваме состојбата заснована врз регулативи и побарувачката, и ќе ја обновиме работата кога ќе процениме дека има можност за тоа, се наведува во соопштението.
Исто така, се уверуваат и инвеститорите дека финансиската состојба на компанијата е сосема стабилна и оти е постигнат договор на кабинскиот екипаж да му се обезбеди исплата на 80 проценти од заработувачката за два месеца, почнувајќи од среда, стои во соопштението. гт/