• понеделник, 23 декември 2024

АА бара да се прифатат амандманите за намалување на акцизите на нафтените деривати

АА бара да се прифатат амандманите за намалување на акцизите на нафтените деривати
Скопје, 2 јуни 2022 (МИА) - Алијанса за Албанците како политичка партија на 10 март на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет и пленарна седница даде предлози во вид на амандмани за намалување на акцизата од 22 на 15 денари за бензинот, од 15 на девет денари за дизелот и ДДВ од 18 на 5 отсто за двата вида на деривати, но сите наши предлози беа отфрлени и испадна дека нашите предлози беа правични, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на АА, Ељми Азири. - Кога Владата би ги поддржала и би вметнала овие наши предлози, со оваа покачување на цените, цената на литар бензин би бил 85,5 денари, додека на дизелот 77,5 денари. Значи, тука се зборува за една нелогична поставеност на Владата, затоа што на нив не им е целта како да помогнат, туку прават огромни калкулации првенствено колку не треба владата да губи од можноста за прибирање на приходи. Ние како политичка партија не сакаме да ја комплицираме работи, ќе постапиме на најдобар и најпродуктивен можен начин. Нас не ни смета, на пример, и на предложените законски решенија да поднесеме амандмани и врз нив да се делува со нашите предлози. Наша цел не е да се истакнеме дека еве ние предлагаме едно, предлагаме друго, но сакаме нашите предлози во полза на граѓаните да се прифатат дали од страната на Владата или опозицијата, рече пратеникот Азири. Азири информира дека парламентарната група на Алијанса за Албанците денеска ќе одржи средба, на која се очекува да одлучуваат како ќе постапат во однос на анти-кризните мерки. - Оваа Влада ги осиромаши, ги изнудуваше и ги крадеше своите граѓани наместо да се грижат и преокупираат за овие проблеми. Претставниците на оваа власт имаат грижа каде ќе ги поминат викендите со своите семејства. Прават планови низ кои светски познати центри ќе патуваат на шопинг, низ кои туристички и спортски места ќе одат на рекреација, како ќе возат луксузни автомобили и многу други луксузни планови прават. Додека во исто време повеќе од населението пати за парче леб, изјави Азири.фф/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан