• понеделник, 24 јуни 2024

 Приведен разбојник во Скопје, одреден му е притвор 

 Приведен разбојник во Скопје, одреден му е притвор 

Скопје, 15 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во 13.45 часот го лишиле од слобода М.К. (31) од Скопје осомничен дека на 04.06.2024 во 11.50 часот извршил кривично дело разбојништво односно со закана со пиштол кон вработените во експозитура на банка во Скопје, одзел пари.

Како што соопштија од МВР, извршен е и претрес во домот на М.К., а против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, по  што од страна на надлежен судија му е одреден притвор од 30 дена. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан