• вторник, 02 јули 2024

Teшка собраќајка на автопатот Тетово – Скопје, починато едно лице

Teшка собраќајка на автопатот Тетово – Скопје, починато едно лице
Скопје, 23 октомври 2021 (МИА) -  Едно лице почина во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје, во близина на село Ласкарци, откако вечерва во 17.53 часот патничко возило „јагуар" со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од село Чегране, гостиварско, излетало од коловозот, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи. - На местото на несреќата починал сопатникот Н.З.(53) од село Чегране. Возачот Н.И. и сопатниците А.К.З. и Б.И. се повредени и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, дополнија од МВР. оџ/лв/ фото МИА архива  

Остани поврзан