• понеделник, 23 декември 2024

Џонсон во Глазгов: Треба да се издвојат финансиски средства за сиромашните земји

Џонсон во Глазгов: Треба да се издвојат финансиски средства за сиромашните земји
Глазгов, 12 ноември 2021 (МИА) - Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска на Конференцијата на ОН за климата (КОП26) во Глазгов дека треба да се издвојат пари за сиромашните за решавање на проблемот со климатските промени. - Луѓето треба да видат дека има доволно пари за да се започне нешто и дека постои доволно ангажман, изјави Џонсон за британската телевизиска мрежа Би-Би-Си. Тој додаде дека на конференцијата за климата не може се да се реши, но барем може да се почне со решавање. Прашањето за финансиска помош за најнеразвиените земји да се справат со последиците од климатските промени е една од главните точки кои го одложуваат склучувањето на договорот, додека богатите земји се уште не го исполниле ветувањето за годишна помош од 100 милијарди долари. Помалку развиените земји наведуваат дека се „крајно разочарани“ од содржината на предлог-договорот, кој ги повикува богатите земји да ги исполнат претходните ветувања, но без конкретни мерки. Најсиромашните, кои сочинуваат мал дел од глобалните емисии на стакленички гасови, инсистираат при финансирањето да се имаат предвид „загубите и штетите“ од кои веќе трпат и се зголемуваат. Самитот во Глазгов завршува денеска, а преговарачите во последните часови се обидуваат да постигнат договор за целите во борбата против климатските промени. гт/

Остани поврзан